Zeropoint е основана во 2009 година во Финска, по повеќе годишно универзитетско истражување на продуктите за компресија и нивните придобивки за перформансите, закрепнувањето и спречувањето на спортски повреди.
Денес, ние сме глобален бренд кој е познат по исклучително функционални производи со висок квалитет, погодни за различен вид на физички активности. Нашите производи доаѓаат со најновата технологија за компресија која е комбинирана со одличено вклопување, која е удобна за носење.
Скандинавските земји покажуваат огромна почит и благодарност кон неговата чиста природа. Ова е вредно наследство и ние сме горди на одржливоста и се фокусираме на неа, како наша основна вредност. Голем број од нашите производи се направени со Econyl® предиво кое е материјал направен од 100% рециклиран најлон и ниеден од нив нема штетни материи. Zeropoint нуди уникатен спектар на производи кои се комбинирани со еколошки материјали со целосна функционалност и нордиски дизајн.
Сите спортисти, без разлика на кое ниво се, имаат право да бидат најдобрата верзија од себе си. Ние сакаме да ги инспирираме луѓето да одржуваат активен и здрав начин на живот и нашите производи им дозволуваат да го достигнат нивниот целосен потенцијал.