
ZAMST – јапонски специјалисти во производство на ортози и помагала за бандажирање. Стегачи за зглобови, стегачи за колена, стегачи за рака и ремен појас наменети за спортисти. Компанијата има разработено модели за секој вид траума и повреда. Стабилизираат, удобни се и не го ограничуваат движењето. Можат да се користат како за превенција така и за побрзо закрепнување.
ZAMST е марка на компанијата NIPPON SIGMAX, којашто е лидер на јапонскиот ортопедски пазар од 1973 година. Создадена е во текот на 1993 година, ZAMST ја подобрува медицинската експертиза, искуство и воспоставените техники на производство од матичната компанија.
NIPPON SIGMAX има ќерки компании во Азија, Европа и САД:
Повеќе од 20 години историја.
Наследство: од минатото до иднината. Тие не престануваат да бидат во чекор со сите новости.
Два основни принципи отсекогаш го воделе брендот:
1. Двојна експертиза во областа на медицината и спортот, која е уникатна за пазарот. Медицина, бидејќи производите се придржуваат кон искуството на компанијата во областа на ортопедијата и соработката со спортските лекари и физиотерапевти. Спорт, поради блиските односи на брендот со спортисти од највисоко ниво, тренери и физиотерапевти, која ни овозможува да ги разбереме нивните потреби и ограничувања во однос на нивниот настап, слободата на движење и удобноста.
2. Постојаниот стремеж да се обезбедат најдобрите технички решенија, засновајќи се врз развој на иновативни материјали, дизајни и процеси на производство.
Со текот на годините, овие темели постојано се развиват и збогатуват за да се утврди ДНК-та на марката. Оваа ДНК има непоколебливо влијание врз развојот на нашите идни производи.
-
Јас сум ZAMST.
-
Јас се грижам за спортисти, за атлети од секој вид на спорт.
-
Јас ги заштитувам од најмлада возраст, така што тие можат да достигнат својот целосен потенцијал.
-
Јас им давам поддршка кога се повредени за да можат побрзо да се вратат на своите активности
-
Јас сум со нив на нивните настапи, ден за ден, сезона по сезона.
Некои спортисти тренираат за да победат и се фокусираат кон таа цел.
Некои спортисти тренираат секој ден за да уживаат во добро здравје.
Секој се радува на спортот по сопствен начин, со свои сопствени цели и задачи.
Знам дека физичката активност е обврска што вклучува дисциплина, енергија, болка.
Знам дека ефикасност значи да му веруваш на своето тело кога се соочуваш со другите.
Знам дека уникатни емоции се постигнуваат во спортот и остануваат со нас долго време.
Ете зошто го сакам спортот. Страстно.
Јас сум ZAMST.
