ЧПП

Нашите индивидуални влошки се специјално обликувани да ги поддржуваат вашите стапала во соодветна, неутрална положба. Ова е клучно за луѓето кои имаат прекумерено или намалено извртување на стапалата и можат да помогнат на оние кои имаат повторувачка болка во стапалото, глуждот или коленото која помеѓу другото е поврзана со состојбите како што се плантарен фасцитис, Неврома на Мортон или тркачко колено.

Но, вие исто така можете да имате корист од препорачаните влошки без да имате некои акутни проблеми со стапалото дури и ако имате нормален вид на стапало! Ако повеќе часови во денот стоите на вашите стапала, препорачаната поддршка под нозете може да ви помогне да ги чувате вашите стапала и долниот дел од грбот од лесниот замор. Добрата поддршка на стапалата има бенефиции за целото ваше тело, целиот кинетички ланец, охрабрувајќи ја добрата поставеност на вашите стапала и нозе преку целиот ваш рбет.

Доколку сте несигурни, или сакате да знаете повеќе за видот на вашето стапало, одлична идеа е да направете анализа на стапалата или на вашиот чекор. Ова е понудено во голем број на спортски продавници, како и кај многу ортопеди, спортски тренери и доктори.

Пронацијата на стапало е најчестиот вид на т.н неправилна положба на стапалата. Со ваквата состојба, стапалото ротира медијално повеќе (навнатре) при одење. Спуштеното стапало може да биде откриено преку изразеното абење/износување на внатрешната страна на платформата кај обувките. Со оваа состојба, коската на петата ротира навнатре, лонгитудиналниот лак е спуштен, ногата и колковите ротираат навнатре што резултира кон навалување на карлицата нанапред. Најчестите несакани ефекти се плантарен фасцитис и воспаленијата, метатарзална болка, проблеми со Ахиловата тетива, болка во внатрешноста на коленото и бурзитис во колкот.

Ние ги препорачуваме FootBalance Custom влошките за луѓе кои се на возраст од 10 години нагоре. Пред да наполнат 10 години, стапалата кај децата и нивниот чекор сеуште се развиваат. Откако чекорот кај човекот го достигне врвот во неговиот развој не се случуваат некои позначајни промени.

Ако се направени и носени соодветно – не! Кога тие се направени врз основа на вашиот анатомски лак, во неутрална положба, FootBalance Custom влошките не можат да предизвикаат несакани ефекти. Тие можат да предизвикаат само нелагодност на почетокот бидејќи на вашето тело му треба време да се прилагоди на неговото ново усогласување.

Внимавајте да ги следите инструкциите на почетокот, чекор по чекор. За да почеток, носете ги влошките неколку часа дневно и постепено зголемувајте го времето на носење секој ден. Не ги носете веднаш при интензивно вежбање, туку започнете со пешачење, после кое ќе можете да продолжите со трчање или други напорни вежби. Кога ќе се навикнете на овие влошки, вие можете и треба да ги употребувате колку што е можно почесто.

Во FootBalancе, ние сакаме да ги пробате нашите влошки без да се грижите. Затоа ви даваме 30 дневна гаранција на удобност. Ако забележите некој дефект или сте незадоволни со нашите FootBalance Custom влошки, едноставно вратете ги кај продавачот во рок од 30 дена од денот на купување и ќе ви ги вратиме парите или ќе го замениме продуктот.

Започнете со постепено носење на влошките

FootBalance влошките ја подобруваат функцијата на мускулите на стапалата. Во текот на првите недели од употребата, може да се соочите со умерена непријатност бидејќи мускулите се адаптираат. Ако е потребно, за почеток, носете ги влошките неколку часа дневно, при што постепено ќе го зголемувате времето на носење секој ден. После една недела, почнете да ги носите влошките колку што е можно подолго во текот на денот, секој ден.

Редовното носење на влошките е добро за твоето тело

Со соодветната потпора на вашите стапала FootBalance Custom влошките ви помагаат да го усогласите целото тело и да добиете голем број на придобивки ако ги носите постојано. За да ги носите секојдневно, едноставно вметнете ги во вашите обувки или купете повеќе пара. Во било кој случај, запомнете дека најпрво морате да ја отстранете постоечката влошка пред да ги вметнете FootBalance Custom влошките.

Зголемена усогласеност со резервен пар или различни влошки за различни типови обувки

За подобра усогласеност, ние ви препорачуваме да земете најмалку два пара од FootBalance Custom влошките: еден пар за секојдневна употреба и еден пар за спортување. Нема да се грижите доколку ги испотите вашите секојдневни влошки при вежбањето и можете да си дозволите да ги одморите и исушите едниот пар ако е тоа потребно. Ова помага тие подолго да траат.

Ако имате повеќе парови од влошките, можете да си дозволите да ја имате најдобрата усогласеност за различни активности и видови на обувки. На пример, вие можеби сакате помек модел на патики за трчање, потенок модел за чевлите кои ги користите за работа и потесен, поцврст модел за вашите чизми за скијање или за шелни за велосипедизам.

Со соодветна грижа, FootBalance Custom влошките можат да траат од 8 до 12 месеци. Како и секоја обувка, нивното траење зависи од тоа колку често ги носите, интензитетот на активностите за кои се употребуваат и секако, како се грижите за нив.

Вие можете да го пролонгирате траењето на влошките преку тоа што ќе ги чувате чисти и суви. Менувањето на повеќе пара влошки исто така помага во пролонгирањето на „животниот век“ на влошките. Вашите влошки најдобро ќе дишат и ќе се одморат доколку правите паузи во нивното користење.

За чистењето на FootBalance Custom влошките, најдобро е да се четкаат или бришат нежно со влажна крпа. Немојте да ги потопувате во вода. Не ги перете во машина за перење или да ги сушите во сушална. Немојте да ги изложувате на голема топлина, како на пример немојте да ги сушите врз радијаторот, до оганот или на шпоретот.