Zeropoint

Zeropoint е основана во 2009 година во Финска, по повеќе годишно универзитетско истражување на продуктите за компресија и нивните придобивки за перформансите, закрепнувањето и спречувањето на спортски повреди.

Денес, ние сме глобален бренд кој е познат по исклучително функционални производи со висок квалитет, погодни за различен вид на физички активности. Нашите производи доаѓаат со најновата технологија за компресија која е комбинирана со одличено вклопување, која е удобна за носење.

Скандинавските земји покажуваат огромна почит и благодарност кон неговата чиста природа. Ова е вредно наследство и ние сме горди на одржливоста и се фокусираме на неа, како наша основна вредност. Голем број од нашите производи се направени со Econyl® предиво кое е материјал направен од 100% рециклиран најлон и ниеден од нив нема штетни материи. Zeropoint нуди уникатен спектар на производи кои се комбинирани со еколошки материјали со целосна функционалност и нордиски дизајн.

Сите спортисти, без разлика на кое ниво се, имаат право да бидат најдобрата верзија од себе си. Ние сакаме да ги инспирираме луѓето да одржуваат активен и здрав начин на живот и нашите производи им дозволуваат да го достигнат нивниот целосен потенцијал.

ZEROPOINT производите за компресија Ви нудат:
Подобри перформанси, побрзо закрепнување и помош при спречувањето на спортски повреди

Употребата на компресијата во текот на активностите и спортот Ви овозможува да правите повеќе од она што мислевте дека е можно: да истрчате еден километар повеќе, да подигнете поголема тежина или да направите уште едно повторување. Употребата на компресијата 1-2 часа пред и после вашата активност, Ве затоплува и го поддржува закрепнувањето.

Бенефиции при спречувањето на спортски повреди:

  • Грчеви во мускулите & истегнувања

  • Воспаление на Ахиловата тетива

  • Проблеми со глуждовите

  • Лимфни проблеми

Бенефиции при вежбањето:

  • Повеќе кислород во мускулите

  • Го отстранува метаболичкиот отпад

  • Ги поддржува мускулите

  • Го подобрува чувството на движење и кинестезија

  • Го забрзува отстранување на млечна киселина

  • Ги редуцира грчевите во мускулите & мускулата вибрација

Бенефиции за закрепнувањето:

  • поефикасен метаболизам

  • Му помага на вашиот систем да го врати балансот побрзо

  • Го редуцира отекувањето на ткивото

ЕФИКАСНОСТА НА КОМПРЕСИЈАТА Е КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНО ДЕКА ИМА И МНОГУ ДРУГИ УПОТРЕБИ ОСВЕН ЗА СПОРТ И ВЕЖБАЊЕ

            НА РАБОТА – ОДМОР:          

Сите го имаме искусено чувството на отоци во нашите стапала после седење или стоење подолг период на работа, или кога возиме и летаме со авион. Нормалната лимфна и венска циркулација е отежната и поради тоа се јавуваат отоци. ZEROPOINT компресивните чорапи се решението, бидејќи го спречиваат отекувањето и чувството на замор.

           МЕДИЦИНСКА/ТЕРАПЕВТСКА УПОТРЕБА:

– Лимфни проблеми и отоци

– Проблеми со варикоза за време и по бременоста

– Проширени вени – чирови – тромбоза – хематоми

– Ортостатска хипотензија – корисници на инвалидски колички

– Дијабетичари – опоравување од операција на бајпас

– Третман на фрактура на бутот – растечки болки