Отворена првата специјализирана продaвница за ортопедски влошки и ортопедски помагала FootBalance во Радовиш

За прв пат во Радовиш, денеска беше отворена првата специјализирана продавница за ортопедски влошки и ортопедски помагала  FootBalance,   сведски познат бренд. Во ФутБаланс  ќе  добиете ортопедски влошки според вашите стапала по направената анализа на специјлен апарат,  од доктор Димитар Бојаџиев.

ФутБаланс влошките се 100% по мерка и одлично ги подржуваат вашите стапала во неутрална позиција, овозможувајќи балансиран став и правилна положба на телото. Дизајнирани се како резултат на меѓусебна соработка на отопеди, физијатри и професионални спортисти и за прв пат од денеска ги има и во Радовиш.

-Чест ми е денеска да бидам овде и да направиме обука  и инсталација на оваа современа технологија кај нашиот партнер Доктор Бојаџиев, за да го има ова и во Македонија.  Во голем број случаи кога човек има болки во целиот коскен систем,  тоа најчесто  доаѓа од стапалата. Кога човек има променета биомеханика на стапалата тоа се одразува на целото тело, се оптеретува телото и има болки во колената, вратот, грбот и на други места и како и да се лекуваат тие места со инекции, кремови, таблети, ако не се отстрани причината, а тоа е проблемот во стапалата, болките се враќат одново и одново. Затоа оваа технологије и уникатна, со тоа што прави анализа   на лице место за десет минути, вели Елена Јововска  -официјален претставник од ФутБаланс од Бугарија

Специјализираните продавница за ортопедски влошки и ортопедски помагала  ФутБаланс, се наоѓа на улица Партизанска во Радовиш.  Ќе работи исклучиво со закажување на термини на лице место, од 16  до 21  часот секој ден, онлајн и на телефонскиот број 078 438 383 директно кај доктор Димитар Бојаџиев, кој препорачува ФутБаланс влошки 100% по мерка.

Share this post



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *